Обвинителство отвори предмет по допрен глас за грантовите на Фондот за иновации

by fokus

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас, соопштија денеска од таму.

„Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“, велат од Обвинителство.

Според медиумите грант од Фондот земале и фирме во сопственост на вицепремиерот, Кочо Анѓушев. По реакциите од јавноста Анѓушев​ ги повика косопствениците да се откажат од грантот.

Поврзани новости