Негователката од гевгелиската градинка „Детска радост“, која беше снимена како игнорира и занемарува бебе кое престојува во градинката нарекувајќи го со погрдни имиња, доби дисциплинска постапка. Во градинката беа испратени инспектори од Министерството за труд и социјална политика откако на социјалните мрежи се прошири видеото со детскиот плач и игнорирањето на негователката.
По извршениот инспекциски надзор од МТСП, раководството на градинката ја утврдило фактичката состојба при што имат констатирано дека вработената ги пречекорила своите овластувања, објави „24 вести“.
Против неа е покрената дисциплинска постапка, а од градинката тврдат дека станува збор за вербален испад без било каква физички контакт со детето.
Според видеото што беше објавено на фејсбук негователката занемарува бебе кое плачи повеќе од два саати и му се обраќа со зборовите „кучко една, краво“.