Мизерија во Психијатриската болница во Бардовци, пациентите заборавени од општеството

by Fokus

Услови под секое човечко достоинство, прозорци без стакла, руинирани простории, насилие на пациенти врз пациенти. Болните кои се хоспитализирани во Психијатриската болница во Бардовци живеат во мизерија.

Прилогот објавен на телевизија Клан документира катастрофални услови, недостаток на кадар и големи
долгови во кои е заглавена болницата.

„Една медицинска сестра треба да се грижи за 35 пациенти. Затворското одделение кое треба да биде затворено и треба да има полицајци е без обезбедување и затворска полиција па така секојдневно другите пациенти се жртви на овие затвореници. Денеска додека снимавме имаше напад со нож а нападнатиот е во тешка здравствена состојба“, велат новинарите.

Новинарите велат дека еден од пациентите болничкиот персонал не може да го исконтролира и тој често ги напаѓа другите пациенти, па и персоналот. Се работи за поранешен боксер, кој ги снима своите напади и потоа ги објавува на социјалните мрежи.

Болницата е во долг од 28 милиони денари. Клиниката има нов објект кој е изграден пред неколку години, но се уште не е пуштен во употреба поради бирократски процедури.

Поврзани новости