Мицкоски ги нарече кукавици осудените за „Диво насеље“ кои се заканија на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, денеска се потпиша во локалните единица на Државната изборна комисија во Карпош на претседателската кандидатура на професорката Гордана Силјановска. Тој рече дека е убеден оти Силјановска ќе извојува победа.

Мицкоски го повика уште еднаш премиерот, Зоран Заев, да и дозволи на опозицијата да предложи нов јавен обвинител, бидејќи, рече, јавноста ја има изгубено довербата во правната држава.

-Правната држава во Македонија функционира по принципот дајте ми човек и ќе креирам обвинение – рече тој.

Мицкоски одговори и на заканите кои утринава преку отворено писмо ги испратија осудените за „Диво насеље“ кои порачаа дека ќе ги гонат макар до крајот на светот Никола Груевски, Сашо Мијалков и Али Ахмети, како и дека имаат листа од 13 имиња на кои ќе им се одзмаздат. Мицкоски ги нарече осудените – кукавици.

-Како можам да го коментиран тоа освен да кажам дека е уште еден обид јавноста да се дефокусира од овие недела кои ги прави криминалната власт. Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев, при тоа гледајќи дека со неколку потези може да измени закони. Претпоставувам бараат милост од Заев што е можно побрзо да излезат од таму. Грозоморно и монструозно е да се коментираат едни такви изјави од луѓе што се соочуваат со затворска казна како резултат за она што го сторија во Диво Насеље. Кукавици по фејсбук се закануваат по луѓе, политичари и граѓани, а при тоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што е можно помала казна. Ако сториле нешто, има да одговараат за тоа – рече Мицкоски.

Поврзани новости