Пратеникот, Антонио Милошоски, и поранешен министер за надворешни работи, вчера објави нов статус со свои информации за преговорот околу спорот со името. Според Милошоски договор се уште нема затоа што Грција испорачала уште две нови барања, од кои едно е за јазикот, а друго за Уставот.
Милошоски својот статус на социјалната мрежа Фејсбук го пишува под наслов „Дали Заев може да потпише толку, колку што Грција може да посака?“
„Јавноста се прашува зошто Зоран Заев и неговите советници за односи со Атина, Маричиќ и Башановиќ сеуште не се во грчката Мала Преспа да го потпишат договорот за смена Уставот и името?
Затоа што освен прифатениот пакет за името
Republic of Northern Macedonia и
Nationality: of the Republic of Northern Macedonia
Грција вчера испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка на Договорот Коѕијас-Димитров од Брисел:
1. Јазикот да не се запише Macedonian како што е сега заведен во ОН, туку латинично makedonski без никаков превод и
2. Менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, во Јуни/Јули оваа година, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход, истовремено да си го смени Уставот, па дури потоа да очекува да биде поканета за НАТО и ЕУ.
Третата опција е договарањето да се одложи за неколку месеци.
Ставот на Заев кон овие барања е билет кон Преспа Микра!“, пишува тој.
Од Владата одбиваат да ги коментираат овие информаци, затоа што, велат, не се официјални.