Османи: Разликите помеѓу Македонија и Грција се повеќе во интерпретација на напишаното

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вели дека станува збор за критични моменти од преговорите за името. На денешната прес конференција, на новинарско прашање, Османи даде свое толкување за застојот на кој наидоа преговорите.

-Мое чувство е дека повеќе разликите се во интерпретација на напишаното отколку во генералните принципи. Сите меѓународни пријатели не охрабруваат, ни помагаат и се обидуваат да го олеснат спорот. Ова е идеална прилика да се затвори прашањето, со што ќе ни се отвори процесот за НАТО и ЕУ. Барам разбирање да бидеме внимателни, во критичните последни чекори многу е лесно да се изместите, ради оптеретенсота, емоциите, на моменти дефокусирањето. Да бидеме внимателни, да го почекаме исходот следните часови и денови – рече Османи.

Османи подвлече дека има волја од двете страни и активен ангажман на сите нивоа од двете Влади.

-Наредните часови се клучни за одлучување за исходот на овие преговори, но прерано е да се каже кој ќе биде исходот. Сметам дека ова се последните метри на 25 годишниот маратон, последните се најкритични, можат да го утврдат исходот, дали ќе биде во позитивна или негативна насока – рече тој.

 

Поврзани новости