САД ги охрабруваат Скопје и Атина да најдат заемно прифатливо решение

by fokus 09:38
09:38

САД ги поддржуваат преговорите и ги охрабруваат властите во двете земји да најдат заемно прифатливо решение, вели претставник на Стејт департментот одговарајќи на прашање на грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Соединетите американски држави, продолжуваат да ги поддржуваат разговорите што се во тек под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето со името. Ги охрабруваме лидерите на двете земји да најдат заемно прифатливо решение во интерес на евроатлантската интеграција, на економскиот просперитет, на мирот и стабилноста во регионот, рекол функционер од Стејт департментот за грчката новинска агенција, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisements -

Поврзани новости