453
Новинарот Драган Павловиќ Латас денеска не се појави во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот „Тотал“, поради што рочиштето се одложи. Наредното е закажано за 11-ти април.
Како што појасни одбраната Латас поради семејни причини не е во можност да присуствува на рочиштето, бидејќи се наоѓа во Германија. Можно е и да се одложи следното рочиште бидејќи според адвокатите на Латас тој во Германија би требало да се задржи до 10-ти мај.
Латас во „Тотал“ се товари за даночно затајување како сопственик и управител на неколку фирми.