Министерот без ресор, Роберт Поповски, изјави денеска дека Владата ќе се заложи да ја направи Македонија еден од лидерите во светот во борба против лажните вести. Тој денеска објасни како претходната власт ги злоупотребувала медиумите и социјалните мрежи за да шири пропаганда во нејзина корист.
-Проблемот на лажните вести не се само порталите, туку целата интернет сфера, дигилната технологија, социјалните мрежи. Креирањето доаѓа од лажни центри. Точно е дека дел од проталите тенденциозно го прават тоа, но во време на режимот да не беше таа сфера ќе имаше тотален молк, не смееме тоа да го заброавиме. Затоа да не шириме невистини, два портали не ни прават проблем во ширењето на лажни вести. Падот на квалитетот е проблем пред се на самите медиумски работници. Знате каков беше системот на ширење пропаганда, од интернет доаѓааа спакувани информации кои се ширеа низ портали, медиум создадени за таа намена. Јавната администрација беше обврзана да ја шири веста со кликови, а потоа медиумите ја преземаа комплетно и ја пренесуваа на екраните. Само гласот на новинарите беше различен. Ова го нема веќе, излеговме од овој тунел – рече Поповски.
Поповски додаде дека Велес станал синоним за креирање на лажни вести, но дека Владата има намера да го направи овој град сега еден од лидерите на борбата против овој глобален проблем.
-Состојбите се драматични и мора огромно внимание да се посвети за да се спречи лагата да допира до граѓаните. Еден од начините е така што ќе помогнеме да се врати довербата во институциите и медиумите по 11 години пропаганда во оваа земја. Имаме обврска да ги поправиме работите од корен. Тоа можеме заедно да го направиме, ние, медиуми, граѓанското општество и граѓаните – изјави денеска министерот.
Владта, рече тој, е целосно посветена на слободното и професионално новинарство, но регулацијата е најдобра само кога е саморегулација.
-Сопствеништвото во медиумите мора да е јавно транспрантно, да се знае каков бизнис водат сопствениците, да им е суштина на бизнисот новинарската професија и квалитетот на медиумите, а владата не смее никако да помисли да се меша во слободата на изразувањето, туку само да даде поддршка – додаде тој.