Судиите, градоначалниците и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

by fokus 13:12
13:12

Секој јавен функционер ќе биде обврзан да ги објавува своите трошења, ова е дел од заложбите на Владата за транспрентност. Со заклучок на Владата на последната седница е одлучено обврската која им беше наметната на премиерот, министрите, државните секретари и генералниот секретар, да се прошири на уште педесетина институции, но во план е со оваа обврска да се опфатат сите јавни функционери.

Со владиниот заклучок обврската да ги објавуваат своите трошења по основ на репрезентации им се наметнува и на директорите на јавните претпријатија, органите на државната управа и акционерските друштва. Оние кои нема да ја испочитуваат оваа обврска ќе се соочат со санкции, опомени и казнувања.

-Планот е нашата стратегија и оваа алатка да биде проширена на сите буџетски корисници, на локалната самоуправа, законодавната власт, судската власт и сите носители на јавни функции кои трошат пари на граѓаните тоа редовно да го објавуваат – изјави денеска министерот без ресор, Роберт Поповски.

Тој најави дека ќе следи втор извештај за трошењата на владини функционери кој ќе го опдати периодот од 1 декември 2017 година до 31 мај 2018.

На минатата седница одлучивме дека го прошириме составот и обврските на оние институци кои сметаме дека се значајни и треба да станат дел од оваа редовна практика. Воведуваме нова политичка култура на однесување. Ги задолживме директорите и замениците директори на јавните претпријатија, на самостојните органи на државната управа, акционерските друштва и органите во состав на министерства. Станува збор за педесетина на број кои влегуваат во овој втор прстен. Им укажавме до 20 јуни да ги достават информациите. Ова е многу значајно, граѓаните имаат право да знаат како се трош нивните пари и што се сработува со овие активности на носителите на јавни функции – рече министерот.

Поврзани новости