Излезетe низ градовите на Македонија, прославете и честитајте си, рече Заев по потпишувањето на поканата за прием во НАТО

by fokus

Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија на 14 јули. Излезетe низ градовите на Македонија, прославете и честитајте си. Одиме напред. Македонија чекори кон НАТО, рече премиерот, Зоран Заев, на церемонијата по потпишувањето поканата за прием во НАТО.

Тој јавно им се заблагодари на премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов, за, како што рече, истата визија која ја делат со нас, и која, рече, ни донесе голем успех.

-Како идна 30-та земја членка на алијансата, подготвени сме да дадеме позитивне пример во нашиот регион. Ова е историска одлука, признание за нашата посветена работа повеќе од две денецении, признание за работата на сите македонски политичари од незавиноста до денеска, признание за сите институции и политички партии, граѓани и граѓанско општество – рече Заев.

Следен чекор, рече тој, е референдумот.

-Следен чекор е оргнизација на референдумот, чин како граѓани ќе кажеме да за нашата иднина – додаде тој.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Договорот постигнат со Грција за името е во интерес на Македонија и на поширокиот регион.

-Тој го отвори процесот на вашата земја да го отпочне патот кон НАТО. Сега почнуваат детални преговори. Сакаме да ја видиме вашата земја во срцето на стабилен, просперитете и демократски регион. Денес е важен чекор за таа цел. Месеците што престојат ќе бидат динамични, но денеска е ден за славење – посочи Столтенберг.

 

Поврзани новости