МВР потврди дека има пријава за бебе со повреди добиени во градинка

by Fokus

Од министерството за внатрешни работи потврдија дека кај нив е поднесена пријава за бебе со повреди во детска градинка.

Според објавените информации во билтенот, вчера околу 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на медицинско лице од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 11 месечно девојче кое, според пријавеното, имало повреди добиени во градинка во Скопје.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости