Стотици битолчани излегоа на плоштадот Магнолија во Битола каде вечерва се одржа протестот за правда на Јана. На протестот владееше траорна атмосфера, присутните не држеа говори, но држеа транспаренти со моќни зборови упатени кон јавното здравство и за нестручноста на дел од лекарите. Нивното молчење му даде уште поголема тежина на протестот поттикнат од трагедијата која ја дожиева семејството Христовски во битолската болница.
Видео снимките со „Фокус“ ги сподели еден од организаторите, Борче Крстевски. Тој најавува нови протести и маршеви кои ќе се организираат во Битола, но и во Скопје.
-Бараме правда за Јана, за правична разрешница на целиот случај. Стоиме позади секој збор даден во изјавите на семејство Христовски и за вистината сме решени да одиме до крај. Довербата во институциите ни е разнишана, а во здравството потребни се реформи веднаш, одговорност, па и оставки – вели Крстевски.