СДСМ: Владата предводена од СДСМ го намали јавниот долг за прв пат после осум години  

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше и ги осиромашуваше граѓаните континуирано, со години, а парите ги трошеше на луксуз, споменици и богатење на поединци од оваа партија, реагираат од СДСМ по денешната прес конференција на  Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека државниот долг на крајот на 2017 година изнесува 4 милјарди евра.

„Наместо реална политика или издржана, аргументирана критика, денеска ВМРО-ДПМНЕ пласира само лажни вести. Владата предводена од СДСМ преку одговорното работење со јавните финансии стратешки управува со долгот и ја стабилизира економијата. Буџетските пари се користат за спроведување на мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и економски раст. Впрочем, овие економски политики ги потврди и Народната банка на Македонија којaшто како независно тело нотираше дека економијата се движи во нагорна линија и дека економската состојбата се подоборува“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, не може да го сокрие фактот дека и јавниот и државниот долг во 2017 година бележат пад. Тоа е, како што велат, прво годишно намалување на јавниот и државниот долг од 2009 година.

 

Поврзани новости