ВМРО-ДПМНЕ: Извинувањето кон новинарот на ТВ 21 не е доволно, новинарите мора да бидат ослободени од притисоци

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди вчерашниот инцидент кога вработен во МНР му се закани на новинар од ТВ 21 да не поставува прашања.

-Упатените закани за одземање на акредитација се несфатливи и недозволиви за една државна институција. Денешното извинување не е доволно. Одговорност мора да има, а ваквите постапки соодветно да се санкционираат за да не се повторуваат во иднина. Поради бруталната партизација со непрофесионални кадри на најгруб начин ги има прекршено сите морални и етички норми. Новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа. Темите кои се од прашање од интерес на јавноста не смеат да бидат вака грубо замолчувани од страна на власта, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости