Данев: Државниот долг на крајот на 2017 година изнесува 4 милјарди евра

by Fokus

СДСМ за само 1 година успеа да ја презадолжи државата, и тоа без да реализира ниту еден капитален проект или инвестиција или, пак, да направи што и да е корисно за граѓаните. Според Министерството за финансии, бројките велат дека државниот долг на крајот на 2017 година изнесува безмалку 4 милијарди евра. Или, она што е најважно, зголемен е стотина милиони, поточно 107 милиони евра од страна на СДСМ во однос на претходната 2016 година, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, само со новото задолжување од 100-ина милиони можеше да се изградат 50-ина училишта, 50-ина градинки и 3 студентски дома или неколку клиники во неколку градови.

„Јавниот долг според бројките на Министерството на крајот на 2017 година изнесува ни помалку ни повеќе, туку 4 милијарди 769 милиони евра, кој исто така е зголемен од страна на СДСМ во однос на 2016. Да, токму од СДСМ, кој велеше дека државата е презадолжена и дека е на работ на банкрот, а сега тој ги презадолжува граѓаните. Да потенцираме дека во овие пресметки на Министерството за финансии не се пресметани еврообврзницата од половина милијарда евра и двете задолжувања од 100-ина милиони евра, вкупно над 600 милиони евра, со што СДСМ за само 7 месеци ја задолжи државата над 750 милиони евра и веќе оди накај милијарда. До крајот на 2018 вкупното задолжување од страна на СДСМ ќе изнесува над 1 милијарда, со што уште веднаш се вклучува алармот дека оваа неспособна Влада ни ја води државата кон пропаст“, вели Данев.

 

Поврзани новости