719
Почина легендарниот германски моден креатор Карл Лагерфилд, на 86 години од животот.
Како што пренесуваат француските медиумите Лагерфилд не се чувствувал добро последните недели, поради што и испуштил неколку модни ревии.
Ексцентричниот дизајнер е роден во Хамбург во 1938 година, во богато германско семејство. Во Париз емигрирал на 14 години, каде и стекна светска слава во светот на модата.
Најпознат е како креативен директор на брендот „Шанел“, но имаше и своја модна марка.