670
Екс министерот, Миле Јанакиески, кој се наоѓа во куќен притвор, е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за „27 април“, потврдуваат од Јавното обвинителство за „Фокус“.
Тој е осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието.
Претходно на распит беше повикан и поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски.
Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад. Во истрагата освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК, а во моментот во бегство во Грција.