Момче од Хрватска може да добие 10 години затвор поради кражба на чоколади и сок

by fokus

Општинското јавно обвинителство во Карловац покрена обвинение против 26-годишно момче поради кражба во трговскиот центар Спар, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Тој е обвинет дека на 1 јули минатата година, влегол во трговскиот центар и украл четири чоколади „сникерс“, две „киндер буено“ и две сокчиња.

При излез, момчето турнал член на обезбедувањето, што е казниво дело и окарактеризирано како „разбојништво“. Вредноста на украдената роба изнесувала околу 12 евра.

Член на обезбедувањето раскажал дека во „трговскиот центар влегле три лица од ромска националност“, па претпоставил дека ќе има проблеми.

Поврзани новости