Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и дека ќе излезат да гласаат

by fokus 10:42
10:42

Премиерот, Зоран Заев, вели дека е приврзаник на идејата претседателот на државата да се бира во Собранието, така што прво би се изгласале уставни промени кои би го овозможиле тоа.

-Не можевме тоа за овие избори да го правиме, но можеби за следните. Тоа е личен мој став, не сме разговарале во партијата – вели Заев во интервју на Алсат М.

- Advertisements -

Според него парите кои се трошат за претседателските избори, треба да се искористат за образованието и здравството.

-Јас сум поддржувач да се промени Уставот и претседателот да го бираме во парламентот. Ќе заштедиме огромни пари. Горчливо е чувството кога ќе видите колку само пари трошиме за дијаспората, а за гласање се пријавиле само 1800 луѓе. Мора тоа да го смениме. Многу земји претседателот го бираат во парламентот. Можеме и ние тоа да го направиме, а со овие пари да изградиме детски градинки, да поправиме училишта, да ги подобриме условите во здравството – појаснува Заев.

Доколку не се постигне цензусот во вториот круг од изборите, Заев вели дека постојат три опции. Првата опција ја предвидува Уставот и се однесува на повторување на избрите. Според премиерот постои опција за промена на Уставот, или во насока да се укине цензусот, или претседателот да се бира во Собранието. Тој повторува дека е поддржувач на последната опција.

-99% сум убеден дека изборите ќе успеат, тоа го согледувам на крајот на првиот круг. Дури и да бојкотира некој втор круг, граѓаните ќе излезат и ќе гласаат. Одлуката зависи од граѓаните, а не партиите. Ја гледам кабаетливоста кај граѓаните, на анкетите 68% велат дека гласале на референдумот, а излегоа само 37 отсто. Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека при повик на лидерот Мицкоски за бојкот, дека нема да послушаат и дека ќе излезат да гласаат. Сите се свесни дека ќе претстои политичка криза – додава Заев.

Поврзани новости