Грција протера руски дипломати поради мешање во договорот за името

by fokus

Грчките власти соопштија дека двајца руски дипломати добиле статус persona non grata, како и дека уште на двајца им се забранет влез во земјата поради обид да влијаат на одлуките на власта по прашањето за новото име на Македонија, пишува англиското издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Повикувајќи се на неименувани функционери од грчката Влада, весникот наведува дека Атина оваа одлука ја донела врз основа на тврдењата дека руските дипломати вршеле незаконски дејности во мешање на внатрешните работи на Грција.

Атина ги обвинува руските дипломати дека се обидувале да извлечат информации и да поткупат државни службеници.

Протерувањето на руските дипломати се случучува непосредно пред почетокот на самитот на НАТО во Брисел.

 

 

Поврзани новости