Горан Ангелов-Ќосето: Добив притвор поради преголема љубов кон Македонија

by fokus

Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор на Горан Ангелов – Ќосето, претседател на здружението „Андон Јанев – Ќосето“. Тој заедно со уште триесетина други лица беше уапсен вчера во полициската акција за нивното учество во крвавиот четврток.

Ангелов на својот фејсбук профил ја прокоментира одлуката да му биде одредена мерка пртитвор.

„Добив притвор поради преголема љубов кон татковината Македонија“, напиша тој.

За време на вчерашниот распит во судот и осомничениот Борис Дамовски испрати порака преку социјалните мрежи. Тој ја смени својата насловна фотографија постирајќи ја буквата М во пламен.

 

Поврзани новости