Во притвор тринаесет лица осомничени за крвавиот четврток, шестмина добија куќен притвор

by fokus 12:23
12:23

Тринаесет лица, уапсени во вчерашната акција на полицијата, добија притвор во траење од 30 дена, а на шестмина им е определена мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во судот вчера биле спроеведени вкупно 24 лица врз кој судија на претходна постапка извршил распит.

- Advertising -

„Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, за кои по нивно произнесување во однос на предлогот на обвинителството, донесени се решенија со кои на лицата : М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на: С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј, им определи мерка куќен притвор“, информираат од таму.

Против овие неправосилни решенија, додаваат од судот, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

„За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција Пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до Претседателот на Собранието на Р.М., додека за останатите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сеуште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување“, посочуваат од судот.

Поврзани новости