Фатени во кражба на струја елитни ресторани и фирми, газдите манипулирале со броилата

by fokus

Откриена кражба на струја во десетици фирми, елитни ресторани и други угостителски објекти при контрола извршена во неколку скопски општини, дознава „Фокус“. Контролата е направена со поддршка од државните институции, а при тоа е утврдено дека дел од газдите на фирмите и угостителските објекти вршеле манипулација со броилата.

За сите откриени случаи на кражба на струја се поднесени пресметки за неовластено користење на електрична енергија. По ова ќе следат постапки пред истражните и судските органи.

Според извори на „Фокус“ контролите биле извршени на мерни места во објекти во Радишани, Илинден, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и други општини. Неофицијално дознаваме дека поради кражбите кои ги правеле сопствениците на овие објекти, поголем број корисници имале проблем при снабдувањето со електрична енергија. Се очекува ваквите контроли да бидат се позасилени, но и ќе бидат проширени и на други населени места.

Поврзани новости