Ласкова: Ги повикувам интитуциите да се произнесат ако постои конфликт на интереси кај мене

by fokus

Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата, напиша советничката за култура на премиерот, Цветанка Ласкова, откаково јавноста се прошири информацијата дека сопругата на нејзиниот син добила грант од Фондот за иновации.

„Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грантови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман“, повикува Ласкова.

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, вчера им порача на компаниите во рок од 15 дена да достават изјава доколку во нивната сопственичка структура има јавни функционери или членови на семејството на лица кои се дел од власта.

 

Поврзани новости