Во МИА не се работело долго време, вели главниот и одговорен уредник Драган Антоновски

by fokus

По повод 20-годишниот јубилеј, Македонската информативна агенција му направи интервју на својот директор, главен и одговорен уредник, Драган Антоновски. Како што вели тој во интервјуто тимот на редакцијата постојано вложува, се обучува за најсовремено дејствување, користење на последните технички достигнувања, а на тој начин го дава и својот влог во професионализацијата на македонскиот медиумски простор.

„Задоволен сум дефинитивно како почнуваме. Има уште многу да се сработи, затоа што долго време не се работело. Ова е целосно препакување, и технички, и организациски, и програмски. Она што е суштински е дека ја враќаме довербата, клучната работа за кој било медиум. Она што е вистина е дека сериозно се работи и се вложува во враќање на новинарските стандарди, внатре и воопшто, преку дистрибуција на нашите вести и хранење на медиумите до бистрење на медиумскиот матнеж.  Сериозно работиме на елиминација на лажните вести преку брзи, точни и проверени вести. Задоволен сум најмногу од тоа што колегите го прифатија овој предизвик и високо темпо на работа без да им бидат зголемени платите, само со предизвикот да бидеме релевантен извор, кој придонесува за медиумската писменост во Македонија. Ќе се согласите дека тоа е за респект. Имаме уште многу работа и уште поголеми предизвици, особено со воведувањето на видеосервисот, графиката, школата за агенциско новинарство, ширењето на дописната мрежа, почетокот на МИА прес-центрите, со еден збор, одиме во голема реформска насока. Имаме стратегија за неколку години нанапред, до каде ќе стигнеме, ќе се види“, вели Антоновски.

 

Поврзани новости