Новиот шеф на скопска единица, Иван Џолев, вели дека судот е паднат на колена

by fokus

Новоизбраниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, вели дека затекнува лоша состојба во Кривичниот суд, но дека сето тоа може да се поправи, во спротивно не би се пријавил за функцијата. Како шеф на скопската единица, вели ќе се потруди да ја врати изгубената доверба во праведно судење кај граѓаните.

-Знам дека очекувањата на јавноста се големи, и со право. Потребно е да се врати довербата во судството, вербата во правда и правичност. Ме чека многу работа. Веднаш по давањето свечена заклетва ќе започнам со работа и анализи, бидејќи Судот во моментов речиси е на колена. Судот е без секретар, без управител, а наскоро заминуваат и 15-тина судии кои овде беа делегирани од други судови, бидејќи им истекува мандатот. Ќе има испразнети места, ќе мора веднаш да се реагира и да се види кои клучни места не трпат одлагање во кадровското екипирање – вели тој во изјава за „Дојче веле“..

Џолев работи во скопска единица 15 години. Тој беше избран од Судскиот совет со 11 гласа „за“ и два „против“.

 

Поврзани новости