Спасовски: Заев две години е под постојани закани за атентат

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека премиерот Зоран Заев веќе две години е под постојани закани за атентат.

– Од 2015 година Заев е под постојани закани за атентат. Службите преземаат сериозни мерки за обезбедување на премиерот, но и за сите останати функционери, рече Спасовски на денешниот брифинг со новинарите, кој сепак потенцираше Заев користи многу помало обезбедување за разлика од неговите претходници.

Тој додаде дека досега не примиле директна закана за атентат на премиерот.

Пред неколку денови Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“ истакна дека безбедносни аналитичари го предупредиле  на ризик од атентат.

Поврзани новости