Собранието би можело да го отвори предметот Диво насеље преку анкетна комисија која би имала надлежност да го разгледува случајот само во насока на утврдување на политичката одговорност, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во интерву за „360 Степени“.
„Пратениците зборуваат меѓу себе и по овие прашања, не се прашања за кои не дискутираат. Кога ќе сметаат дека е најповолен политички момент за да се прави таква иницијатива, Собранието ја процесира постапката до крај и ако парламентарното мнозинство донесе одлука за формирање такво тело, несомнено дека ова тело ќе има надлежности само за разгледување на евентуалната политичка одговорност за некој кој е носител на политичка власт или функција, во ниту еден случај Собранието нема истражувачки или судски надлежности за да суди за ова прашање дали е или не мериторно“, изјави Џафери.
Според него позитивен сигнал е тоа што Владата е подготвена да вклучи меѓународни експерти во разгледување на ова прашање.
„Тоа е важен да се случи во Македонија со цел да се расчистат сите дилеми и аспекти кои го засегаат случајот и ќе биде добро ако Владата оди до крај со ова прашање“, додаде собранискиот спикер.