496
Откако во медиумите на албански јазик излезе веста дека Ермира Мехмети ја напушта владејачката ДУИ, таа даде изјава за НОВА ТВ во која вели дека сака да остави простор за најавените реформи, но доколку тоа не се случи, таа дефинитивно ќе си замине.
-Ќе си одам ако не се случат промени во ДУИ. Потребна е реформа, консолидација, нова платформа, влезени сме во црвена фаза и потребни се големи реформи. Ако нема рформи, не исклучувам можност да си одам, сега засега останувам во ДУИ. Тоа не значи дека нема да си одам, зависи од нив, сакам да оставам простор и шанса за најавените реформи. Преголем ми е влогот во ДУИ за да си одам веднаш, изјави Мехмети за НОВА.