Димовски: СДСМ бега од избори, затоа ги напушти преговорите

by Фокус

-Денешното повлекување на СДСМ го разбираме како повторена веќе повеќе пати тактика на таа партија. Секогаш кога ќе има одреден прогрес во разговорите и секогаш кога ќе се исполнуваат условите за одржување на предвремените парламентарни избори тие да бараат причини да бараат изговор за да се повлечат односно да го исполнат своето сценарио, да ги одложат односно да не се
одржат парламентарните избори , рече денеска пред Клубот на пратениците, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека денеска се постигнало договор за изборниот законик, вложена била голема енергија и многу аргументи, имало и нервозни моменти, имало и непријатни моменти, но договорот бил постигнат за изборниот закон. Според Димовски, со ова се обезбедиле услови за одржување на предвремените избори на 24 април 2016 година.

-Луѓето очигледно имаат проблем со поддршката на граѓаните, имаат проблем внатре во својата партија и бараат начин како сето ова кое е договорено помеѓу четирите партии, вклучително и изборниот законик кој што денеска го затворивме да не заврши со предвремени парламентарни избори знаеќи дека ќе ги изгубат тие избори, повтори Димовски.

Поврзани новости