Неделкова обвини дека ОБСЕ искреирало анкета која покажува дека судиите трпат пртисоци

by Фокус

Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, ќе прави нова анкета која ќе покажела дека судиите не трпат притисоци, зашто таа на ОБСЕ спроведена во 2009 година, во која судиите велат дека власта им врши голем притисок, била несоодветно спроведена.

-Анкетата на ОБСЕ спроведена меѓу судиите не беше анонимна туку анкетните листови беа упатувани до одредени судии, а нив ги носеше лице од ОБСЕ и штом беа одговорени ги земаше од кај судиите. И да немало име на судијата на пликото, во ОБСЕ знаеја од кој судија е земен анкетниот лист. Мисијата на ОБСЕ не го направи тоа на соодветен начин, за да видиме што мислат судиите, рече денеска Неделкова на  јавна расправа, на која присуствуваа претседателите на судовите во Македонија, Членовите на Судскиот совет, министерот за правда, од Академијата за судии, како и претставници на делегацијата на ЕУ.

Според анкетата на ОБСЕ, судиите кои одговориле на прашалникот рекле дека се изложени на постојани притисоци од Владата, политичките партии, од другите судии и од полицијата, како и дека немаат доверба во Судскиот совет. Судиите кои рекле дека трпат притисоци, на прво место ја назначиле Владата, а потоа Министерствата за правда и за внатрешни работи.

Поврзани новости