Албанците во Македонија се свесни и политички зрели за своите ставови да ги бранат институционално и преку избраните претставници, наместо да ги искажуваат преку разни форми на граѓанска непослушност – посочи поранешната пратеничка Ермира Мехмети гостувајќи во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат М. Според неа, ваквата зрелост на Албанците ја отфрла можноста тие да излезат на насилни протести.
„Фактот што денес можеме да калкулираме математички со ново парламентарно мнозинство во кое се опфатени сите политички партии на Албанците, јас мислам дека не говори за загрозување на интегритетот како што претендира ВМРО ДПМНЕ, туку зборува за одредба за зачувување на интегритетот. Затоа што, спротивно на ова би било анархија. Замислете сега доколку и Албанците би излегле на протести и би се организирале исто така албански парамилитарни структури на теренот и кога би се судриле тие некаде на некоја крстосница, ние можеме само да кажеме „Не дај Боже да се случи таква ситуација“, вели Мехмети.
Мехмети напомена дека Албанците не сакаат немири, ниту пак федерализација како што тоа се прикажува во јавноста.