„Ериксон“, производителот на опремата за прислушување во УБК, за која Специјалното јавно обвинителство има судска наредба за претрес, нема да коментира додека трае истрагата, изјавија од шведската телекомуникациска компанија за САКАМДАЖАМ.МК. Од „Ериксон“ упатуваат на СЈО за сите прашања во врска со случајот.
-„Ериксон“, поради истражната постапка во овој случај, не сака да коментира и Ве упатува за сите прашања да се обратите до обвинителството, рекле од компанијата.
Едно од прашањата кое го поставиле од САКАМДАКАЖАМ.МК било и „Дали е веродостојно тврдењето дека тајната полиција не може да ја изврши судската наредба и да овозможи пристап на Специјалното јавно обвинителство до бараните податоци за прислушувањето без вклучување на „Ериксон“?“.