495
Следна цел на Турција, по набавката на ракетниот систем С-400, е заедничко производство на воздушни одбранбени системи со Русија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Некои тврдеа дека нема да можеме да добиеме С-400 и нема да можеме да ги распоредиме на наша територија, но тие почнаа да пристигнуваат. Некои велат дека тоа е погрешно. Но наша следна цел е заедничко производство со Русија, истакна Ердоган на собирот по повод три годишнината од неуспешниот обид за пуч во Турција.