523
По атентатот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој вчера беше застрелан на изложба во Анкара, со реакција се огласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
-Ова е напад и на Турција. На турскиот народ и е јасна провокација кон турско-руските односи. Уверен сум дека нашите руски пријатели исто така можат да го видат овој факт- порача Ердоган.
Тој додаде дека со рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарале и се договориле заеднички да спроведат истрага.
Путин вчера го осуди нападот и рече дека се работи за терористички акт.