Шеснаесет години затвор за убиството на охриѓанецот Матилоски

by fokus

Основниот суд во Охрид го осуди на 16 години затвор српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (29) за убиството на Димитар Матилоски (26) од Охрид, што се случи на дочекот на Нова година на 1-ви јануари оваа година во центарот на градот. Одлуката судот ја соопшти попладнево,- пишува OhridNews.

За време на главниот претрес Бојан Угреновиќ ги прифати сите наводи во обвинението кое го товари дека критичната вечер физички го нападнал Димитар Матилоски во кафе барот Табана, а потоа надвор му задал удари, од кои еден во пределот на лицето бил фатален за младиот охриѓанец.

 

 

 

Поврзани новости