Заев и коалиционите партнери разговарале за формирање стабилна Влада

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево имал средба со партнерите од коалицијата,  на која се разговарало за отворање можности за коалицирање со цел формирање стабилна Влада на сите граѓани на Република Македонија.

-Партнерите се согласни дека на изборите победи концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, бидејки над 600.000 граѓани дадоа поддршка за живот, против режимот. Констатирано е дека демократските промени во Македонија веќе се случуваат. Македонија ќе добие Влада што ќе работи во интерес на сите граѓани во државата- пишува во соопштението од СДСМ.

На средбата било разговарано и за реализацијата на првите приоритети што ќе донесат добар живот за граѓаните, како и за реализацијата на реформските приоритети од Извештајот на Прибе што ќе ги отворат перспективите на Македонија кон светот.

Поврзани новости