Ердоган до Трамп: Ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот

by Fokus

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во одговор до американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе бидат спасени уште повеќе животи кога ќе се победи тероризмот, јави агенцијата Анадолија.

– Господине претседателе, ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот, најголемиот непријател на човештвото, напиша Ердоган на Твитер, додавајќи дека напорите кои ги преземаат САД и Турција ќе придонесат за мирот во регионот.

– Сигурен сум дека нашите заеднички напори ќе придонесат кон мирот и стабилноста во нашиот регион, наведе турскиот претседател.

Како што потсетува Анадолија, Трамп претходно на Твитер напиша: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милиони животи”

Поврзани новости