Одлуката за преговори ќе се одложи за напролет?

by fokus

Одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија најверојатно ќе се одложи за напролет, најавува извор од Европскиот совет за 360 Степени. Во меѓувреме, ќе треба да се усвои нова методологија за преговорите, на што инсистира Франција.

Формален заклучок се уште не е усвоен, но последните информации од состанокот велат дека нештата се движат во насока земјите-членки да ја носат одлука во април по годишните извештаи за земјите-кандидатки што ги подготвува Европската комисија.

И покрај обидите на германската канцеларка Ангела Меркел да протурка одлука за почеток на преговори и паралелно воведување нова методологија, францускиот претседател Емануел Макрон не се поместил од претходно декларираниот став.

Поврзани новости