Ердоган бара средба со Путин, но и порачува Русија да не си игра со оган

by Фокус 20:47
20:47

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска побара средба со рускиот претседател Владимир Путин, но и порача Русија да не си игра со оган. Сепак, тој додаде дека не сака да се нарушат односите на двете држави.

Ердоган рече дека можеби ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин на самитот за климатските промени во Париз следната недела, разговор што ќе наиде на поддршка од САД и ЕУ, кои се плашат дека спорот го оддалечува фокусот од борбата против Исламска држава во Сирија.

- Advertisements -

-Се надевам дека на самитот за климатските промени во Париз ќе присуствува и тој (Путин). Тогаш можеме да седнеме и да разговараме. Сакам ова прашање да го доведеме на разумна точка. Вознемирени сме поради причината што сето ова ескалираше, изјави Ердоган.

 

Поврзани новости