Русија воведува визи за Турција

by Фокус 21:12
21:12

Русија ќе го укине безвизниот режим кој досега го имаше со Турција и ќе воведе визи за турските граѓани од први јануари 2016 година. Ова вчера го соопшти  рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

-Одлучивме да го суспендираме безвизниот режим меѓу Русија и Турција. Оваа одлука ќе стапи во сила на 1 јануари, изјави Лавров во четвртокот, по средбата со својот сириски колега, Валид Муалем, во Москва.

- Advertisements -

Русија и Турција воведоа безвизен режим  во април 2011 година по меѓувладин договор и турските граѓани имаа право да останат во Русија 30 дена без виза, како и руските граѓани во Турција. Оваа одлука за укинување на безвизниот режим доаѓа како одговор на соборувањето на рускиот воен авион од страна на Турција.

Поврзани новости