450
За време на новогодишната ноќ, 27 лица ја посетија Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар, а најмладото лице имало 16 години, информираше директорот на Токсикологија, Нико Бекјаровски.
Тој истакна дека Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.
На Хирургија, пак, пристигнале 4 лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, а пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.