Епидемиологот Драган Даниловски јавно се извини на 3дpужението зa поддршка и третман нa лица co aутистичен спектар и атипичен paзвoj „Во мojoт cвeт“, бидејќи за време на дискусија рекол дека Лекарската комора се однесува како „аутистична“, со што смета дека на тој начин ги навредил и повредил чувствата на многу семејства, кои се соочуваат со овој проблем.
„На 22 декември, во организација на непрофитната организација „Кантарот Мк“, во живо се емитуваше панел-дискусија на тема „КОВИД: Две години подоцна“. Јас и тројца мои колеги се обидувавме да ја отсликаме состојбата со КОВИД-19 кај нас. Зборувавме еден по друг и се трудевме, секој од свој агол и искуство, колку е можно попрецизно, да ја доловиме големата слика на пандемијата кај нас и во светот, со сите направени грешки и пропусти. Обидувајќи се сликовито да го опишам индолентниот однос на Лекарската комора, сосема несвесен што изговарам – употребив несреќна споредба – изустив дека таа „се однесува како да е аутистична“, објаснува доктор Даниловски.
Тој тврди дека му се случил недопустлив превид.
„Сосем неумесно, а во жарот на настојувањето попластично да објаснам кои се причините поради кои потфрливме во справувањето со пандемијата, употребив тежок збор кој на многумина им предизвика болка, немир, револт, гнев.
Немам зборови да го искажам моето длабоко жалење! Не можам да најдам ниту зборови на оправдување за тешкиот пропуст! Затоа што оправдување нема! Штетата е направена, нема назад!“, вели Даниловски
Епидемиологот јавно им се извини на членовите на 3дpужението зa поддршка и третман нa лица co aутистичен спектар и атипичен paзвoj „Во мojoт cвeт”, како и на сите семејства што се почувствувале повредени, револтирани, гневни заради тој несреќно избран збор.
„Немав намера да навредам некого, ниту, пак, свесно ја направив неумесната аналогија. Навистина ми е многу жал, простете ми што не сакајќи ги повредив вашите чувства“, додава Даниловски.