1K
Во наредните 14 дена нема да работат градинките, училиштата и факултетите со цел спречување на ширењето на корона вирусот низ Македонија.
Епидемиологот Драган Даниловски во синоќешното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 испрати апел кон родителите и нивните деца.
„Ние треба да се потрудиме да ја задушиме епидемијата ако може. Луѓето да се воздржат од собирања и големи средби. Кога станува збор за мерките и забрана за одење на училишта и факултети, тоа не значи дека децата и студентите треба цел ден да висат по кафулиња и кафани“, порача Даниловски.