ДУИ ги комплетира пратеничките листи: Министерот за екологија Нуредини ќе биде кандидат во „шестката“

by Фокус

Албанската владејачка ДУИ ја финишира постапката за составување на пратеничките листи, за што рокот за доставување до Државната изборна комисија истекува вечер на полноќ.

Како што дознава Фокус, после партискиот лидер Али Ахмети во шестата изборна единица ќе бидат докторот Флорин Бесими, кој е претседател на тетовскиот ограник и брат на екс вицепремиерот и министер Фатмир Бесими.

Третата позиција на листата, пак, ќе ја зазеде универзитетската професорка од Гостивар Арта Биљали-Зендели.

На четвртото место ќе се кандидира министерот за екологија Насер Нуредени, зет на академикот Блерим Беџети, кој неодамна се пресели во земјава од Австрија за да ја врши оваа функција.

Од ДУИ истакнаа дека над 90 отсто од кандидатите за пратеници ќе бидат нови лица, што ќе важи и за другите изборни области.

Што се однесува до другите изборни единици, зад спикерот Талат Џафери во петтата изборна единица ќе биде бизнисменот и градоначалник на Пласница Исмаил Јахоски, како и еден млад кадар од партискиот подмладок.

После носителот на листата во „единицата“, Изет Меџити, ќе биде кадар од Сарај, по кој ќе следува партиски функционер од Студеничани.

В.С.

Поврзани новости