ЕП: За Украина и за Модавија кандидатски статус без одлагање

by Fokus

Европскиот парламент повика Украина и Молдавија „без одлагање” да добијат статус на кандидат за ЕУ, нагласувајќи дека конечниот пристап зависи од спроведувањето на реформите и исполнувањето на критериумите. Со 529 гласа „за”, 45 „против” и 14 воздржани, пратениците усвоија резолуција со која ги повикуваат лидерите на земјите,кои се состануваат денеска и утре на дводневниот самит во Брисел, да и доделат статус на Украина и Молдавија кандидат за членство во ЕУ „без одлагање”.

Европратениците сметаат дека истото треба да се направи и со Грузија кога ќе ги заврши неопходните реформи. Во резолуцијата велат дека потегот ќе покаже лидерство, решителност и визија, нагласувајќи дека проширувањето е во интерес на самата Европска унија.

Се повикуваат властите на трите земји „недвосмислено да ја покажат својата политичка определба за спроведување на европските амбиции на своето население” со забрзување на реформите и исполнување на критериумите за членство во ЕУ што е можно поскоро.

Не постои „забрзан пат” кон ЕУ и пристапувањето се заснова на заслуги и структуриран процес кој бара исполнување на критериумите и ефективно спроведување на реформите, нагласија европратениците.

 

Поврзани новости