Елвис Бајрам: Со тепање ли доаѓа животот што го најавува СДСМ

by Fokus 22:47
22:47

Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на Шуто Оризари се обрати на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи ги Ромите да сфатат дека наспроти паролата на СДСМ дека доаѓа живот, животот не е дојден.

– Сакам да ги прашам дали животот доаѓа кога некој треба да ме тепа и удира во глава, рече кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам на денешниот митинг. На 15 октомври граѓаните да излезат и да го казнат СДСМ уште во првиот круг. Мојата здравствена ситуација не е добра, но се појавив на митингот за да ги предупредам жителите на Шуто Оризари, што ќе се случи „доколку другите дојдат на власт“ – истакна Бајрам.

- Advertising -

Поврзани новости