Заев емотивно од Струмица: Вие бевте мојата сила да подадам рака и кога креваа рака врз мене

by fokus

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, вечерва имаше емотивно обраќање на митингот во неговата родна Струмица. Им порача дека тие се најзалужни што денеска Македонија слободно живее.

-Ах мори Струмицо моја колку ми фалиш, колку ми требаш, колку ми значиш. Ти си ми најдобрата учителка како се сакаат луѓето, како се сака родното место. Никој и ништо ќе бев без вас струмичани мои. Вие бевте едрата на бродот со кој пловев. Вие бевте мојот штит кога се борев со змејот кој ја ништеше Македонија. Вие бевте мојата сила да подадам рака и кога креваа рака врз мене. Ве сакам сите, струмичани мои! Не постојат зборови да ја изразам сета среќа што ќе ја чувствувам вечерва. Каде и да одам, Струмица ќе остане мојот дом. Бев секаде, но моето срце секогаш заигрува најсилно во мојата родна Струмица, порача Заев.

Поврзани новости