Елмас му донесе победа на Наполи против Милан

by fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас  вечерва му донесе победа на Наполи против Милан во италијанското првенство.

Елмас го постигна голот во 5. минута од првото полувреме, кога по едно нафрлување од корнер искусно стигна до топката и заби со глава.

Ова беше единствениот гол на натпреварот кој заврши 1-0. Елмас играше се до 88. минута, кога тренерот Лучиано Спалети го замени со Гулам.

Поврзани новости